Loading...

@

  • Mechanical Engineer Veles
  • Brako DOO in Veles, , Macedonia
  • jobs
  • 1 week ago

jobs description

БРАКО ВРАБОТУВА
• Машински инженер одговорен за одржување на машинскиот парк
• Машински инженер за производство на медицински помагала, опрема и мебел

Нудиме одлични услови за работа, многу добри лични примања, платен оброк и многу други поволности за вработените.

Апликација за работните места може да доставите и на hr@brako.com.mk, со наведување за кое од работните места аплицирате.

ОПИС НА КОМПАНИЈАТА

БРАКО ДОО е позната македонска компанија, лоцирана во Велес, која важи за лидер во метало-преработувачката индустрија.

Од рестартирањето на компанијата во 2003 година, новиот менаџмент на компанијата е посветен на постојан раст и развој на компанијата со воведување на современи и модерни технологии во производството и иновативни методи за управување со процесите.

Денес во БРАКО функционираат 4 производствени погони во кои се произведуваат:
• Најсовремени машини за одржување на хигиена во урбани средини од брендот Green Machines;
• Автоматизирани машини за разни намени кои се... испорачуваат на странски пазари и сите видови на метални конструкции;
• Медицински помагала, опрема и мебел и
• Повеќе видови на жичани производи

ОПИС НА РАБОТНИ МЕСТА

1.Машински инженер одговорен за одржување на машинскиот парк

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
• Планира, организира и координира задачи за одржување согласно план и процедури за одржување;
• Изработува соодветна техничка документација и процедури за превентивно одржување;
• Води контрола на опремата, вработените и буџетот во секторот;
• Води грижа за објекти и инфраструктура;
• Контактира и координира со добавувачи на опрема и делови;
• Предложува проекти, решенија за поефикасно и поекономично работење на процеси и опрема;
• Изготвува извештаи и води документација.

ПОТРЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ, ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ:
• ВСС – Машински факултет,
• Пожелно е работно искуство во одржување на ЦНЦ машини;
• Познавање и искуство во хидраулични и пневматски системи;
• Одлично познавање на англиски јазик;
• Познавање и искуство со CAD софтвер;
• Одлично познавање на работа со канцелариски софтвер;
• Структурален пристап и способност за расудување;
• Подготвеност за работа во динамична средина;
• Ефективност, ефикасност и одговорност при исполнувањето на обврските;
• Посветеност, мотивираност, иницијативност;
• Тимска работа и кооперативност.

2.Машински инженер за производство на медицински помагала, опрема и мебел:

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
• Лансирање и следење на работни налози во согласност со плановите за испорака;
• Организација на производствениот процес за конфекционирање (сечење, апкантување, виткање на цевки и ексцентар преси)
• Нормирање на работните операции и нивно следење;
• Изработка на извештаи за состојбата со производството во меѓуфаза;
• Постојана соработка и координација со службата за контрола на квалитетот во случаи на потенцијални рекламации од клиентите;

ПОТРЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ, ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ:
• ВСС - Машински факултет;
• Одлично познавање на англиски јазик;
• Познавање на Solid Works;
• Одлично познавање на пакетот Microsoft Office;
• Познавање на Panteon, ќе се смета за предност
Veles North Macedonia

salary-criteria

Apply - Mechanical Engineer Veles